Меѓународното научно списание  на УКЛО,  Хоризонти, официјално е член на Иницијативата за отворени архиви за собирање метаподатоци – OAI-PMH.

Со пристапот до оваа високо рангирана архива, Хоризонти се вклучува и делува во глобалниот екосистем на иницијативи за отворен пристап во академското издаваштво.

Овој потег ќе ја зголеми видливоста на научните содржини на Хоризонти чија серизност како научно списание го позицинира меѓу релевантните научни медиуми.

Проректорот за наука, проф. д-р Горан Илиќ  оценува дека  посветеноста –   УКЛО со Хоризонти да стекне нов активен придонес во обликување на современта научна евалуација и проценка на влијание, отвора бројни можности за соработка. Соработка со други институции, издавачи и истражувачи кои споделуваат заедничка цел за унапредување на научното знаење во академската заедница, богата и плодотворна научна интерференција.

Воедно, со  официјалното вклучување во OAI-PMH, Хоризонти ќе делува  во постојните иницијативи за отворен пристап што овозможуваат слободна и поширока видливост како на списанието, така и на УКЛО во целина.