Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола и Правниот факултет на УКЛО, на 25.05.2023 г. на Правниот факултет – Кичево, дисперзирани студии Битола, организираа гостувачкото предавање на Џејсон Стајнхауер, бестселер автор, јавен историчар, основач на Институт за комуникации за историја и  соработник во Центарот Вилсон.

Тој, пред студентите и академскиот кадар на УКЛО, говореше на тема  ,,Дезинформација и медиумска писменост“.

Предавањето, на кое присуствува и проректорите на УКЛО: проф. д-р Горан Илиќ и проф. д-р Jасмина Буневска – Талевска, е резултат на  соработката на  УКЛО со Амбасадата на САД во Скопје.