Совет на докторски студии

Советот на докторски студии при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ согласно член 48a од Правилникот за условите, критериумите и правилата за запишување и студирање на трет циклус студии на универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, организира

ГОДИШНА КОНФЕРЕНЦИЈА
(зимска сесија)

на студентите на трет циклус студии за презентација на докторски проекти

Се повикуваат студентите на трет циклус на студии од сите единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ кои имаат обврска за изработка на независен истражувачки проект (докторски проект) и добивање на позитивна оценка за истиот, да ги поднесат
своите докторски проекти за презентација на Годишната конференција на студентите на трет циклус студии за презентација на докторски проекти (зимска сесија).

 

Место на одржување: Хибридно – Ректорат на УКЛО во Битола и online
Датум на одржување: 05.02.2022 (Сабота)

 

Пријавување на докторскиот проект: Студените го изработуваат својот докторски проект во соработка со своите ментори и го пријавуваат своето учество со испраќање на својот докторски проект во обем не помалку од десет А4 страни (единечен проред, фонт Times New Roman 12 и маргини 2,5 cm од сите страни), вклучувајќи и слики, табели, графикони итн. заклучно со 20 Јануари 2022.

Јазик на изработка на докторскиот проект: Македонски или јазикот на кој се изведува студиската програма (доколку се изведува на друг јазик).

Испраќање на докторскиот проект: Докторските проекти се испраќаат како pdf документи по е-пошта на адреса doktorski.proekti@uklo.edu.mk. На насловната страна од проектот треба да стои називот на универзитетот, називот на единицата, називот на
студиската програма, име и број на индекс на кандидатот и име на менторот. Објавување на докторскиот проект: Сите докторски проекти ќе бидат објавени на веб страната на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола најдоцна до 31 Јануари 2021 со распоред и час на нивна презентација.

Презентација на докторскиот проект: Студентите во присуство на своите ментори треба усно да го презентираат својот докторски проект со презентација во траење од максимум 15 минути и потоа се предвидени 15 минути за прашања и дискусија во која може да се вклучи и менторот на кандидатот.

Оценување на докторскиот проект: Докторскиот проект го оценува како успешно
одбранет комисија од два члена – наставници именувани од единицата на која студира кандидатот. Во комисијата не може да учествува менторот.

Котизација: За учество на годишната конференција за презентација на докторски проекти не се плаќа котизација. Трошоците за пат, евентуално сместување, храна и сл. ги сносат самите кандидати.

Битола, 28.12.2021

Претседател на Совет на докторски студии,
Проф. д-р Игор Неделковски