Амбасадорот на Франција во Република Северна Македонија, Сирил Бомгартнер, за време на посетата во Битола на 10.11.2022 оствари средба со новото раководство на УКЛО на чело со ректорот, проф. д-р Игор Неделковски.

Во текот на средбата, aмбасадорот Бомгартнер придружуван од Иго Бештел директор на ИФС, аташето за култура Бранко Чобанов и почесниот конзул, Калиопа Кривашија Стилиновиќ, со домаќините од УКЛО ги потврдија добрите релации меѓу Амбасадата и Универзитетот.

Во фокусот на разговорите опфатена е академската соработка поврзана со членството на УКЛО во универзитетската мрежа АУФ, можностите од Еразмус+ програмата меѓу кои и најновата фаранцуска иницијатива за Универзитетски алијанси, силно поддржана од Европската унија.

На средбата стана збор и за позитивната соработка на УКЛО со француските институции и во тие рамки можностите за афирмација на франкофонијата и изучувањето на францускиот јазик на единиците на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Инаку, Амбасадорот Сирил Бомгартнер втор пат е гостин на УКЛО и ова е негова прва средба со новиот менаџмент на Универзитетот.