Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола (УКЛО), ја продолжува успешната соработка со бизнис опкружувањето, како претпознатлив елемент во неговото функционирање.
Како резултат на таквата соработка, која се реализира преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење, ЕВН Македонија објави повик за доделување на стипендии од програмата LOST за стипендирање на студенти од Електротехничкиот отсек при Техничкиот факултет – Битола кои во рамки на семејството имаат ниски месечни приходи.
Подетални информации можете да најдете на следниот линк: КОНКУРС