На 23.09.2022 година во Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола потпишан е договор за соработка помеѓу УКЛО и Македонската истражувачка мрежа „МАРнет“. Со Договорот се уредува начинот на соработка и нејзината реализација, користењето на експертизата и ресурсите обезбедени од УКЛО.

Според договорот „МАРнет“ е  носител на проектот и ги застапува двете страни од Договорот при заедничкото учество во проектот.

Во пријатна атмосфера, Договорот за соработка го потпишаа ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски и директорот на „МАРнет“, Тони Божиновски.