УКЛО беше домаќин на плодна дискусија посветена на темата “Новите геополитички случувања и влијанието врз Северна Македонија“ што се одржа во организација на Институтот за европска политика.

Академски кадри, студенти и граѓани од Пелагонискиот регион, смислуваа прашања кои ги поставија на панел од експерти од ЕПИ и  на проректорот за наука на УКЛО, проф. д-р Горан Илиќ, кој имаше и стручно излагање.

Во дебатата учество зедоа студенти од УКЛО и професори, меѓу кои и проректорот за финансии и развој од УКЛО, проф. д-р Јове Димитрија Талевски.

Според експертите, и ако проширувањето во моментов е во преден план, поради поголем број на држави во ЕУ, тоа станува потешко заради засегнатоста на Унијата со актуелните економски и безбедносни предизвици.

Инаку, станува збор за втора дебата на ЕПИ што ќе помогне за организирање Национална дебатна анкета во 2024 г. за што и УКЛО со своите студенти и академски кадри дава стручен и општествен придонес за местото на Северна Македонија во Европа и светот, како и влијанието од кризите врз позициите на земјава.

Настанот се одржа на 29.05.2023 во Студентскиот Информативен Центар  на УКЛО.