Во НУУБ „Св. Климент Охридски“- Битола се одржа настан на тема „COBISS искуства – факултетските библиотеки во системот“ со теми од развојот на COBISS во Македонија, за што презентација одржа словенечкиот Институт за информациски науки.

Програмскиот раководител од Универзитетската библиотека м-р Јелена Петровска се осврна на активностите кои ги презема Библиотката за конечно воспоставување на COBISS мрежа на факултетските библиотеки на УКЛО, преку набавка на соодветна техничка опрема и обука на лиценцирани библиотекари за работа.

На настанот, покрај библиотекари и професори од УКЛО учество зедоа и претседателот на Универзитетскиот сенат проф. д-р Пеце Николовски и проректорката за студентски работи проф. д-р Јасмина Буневска-Талевска.

УКЛО изрази поддршка на иницијативата за имплементација на факултетските библиотеки во системот на високото образование за воспоставување единствен систем на библиотечното работење и бази на податоци на Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола.