На 21 септември 2023 г. СИЦ на УКЛО беше средиште на бројни активности во рамки на Европската недела на мобилност (EMW-European Mobility Week).

Со повеќе интерактивни настани и анимации УКЛО и студентите како организатори учествуваа во целодневна манифестација што ќе се заокружи на 22 септември 2023 г. во Градски парк Битола.

Одржана е друштвена игра „УКЛО ЕКО – УКЛО ВЕЛО, “презентација „Велосипедски сообраќај“, симулација на прва помош при несреќа со велосипед,  претставена е темата „Превенција од ученичко претстапништво во поглед на правото за мобилност“  и изработен е мурал за подигање на свеста за алтарнативните средства за сообраќај, труд од млади волонтери, студенти и  младинскиот работник Јовче Крстески од Имка.

Студентите на УКЛО и Клубот за одржливо живеење на УКЛО  (STUDENTS SUSTAINABILITY CLUB) добија еден велосипед, донација од  МААА-Македонско-Американската алумни асоцијација.

Бројните активности на студентите успешно се одржани благодарение на пријатели на УКЛО меѓу кои:  МВР-СВР Битола, Велосипедски клуб Пелистер 15 МАЈ , Црвен крст Битола, Општинските совети: за безбедност на сообраќајот на патишта и за превенција од детско претстапништво, Националната мрежа за спорт и млади, во соработка со училишни сообраќајни единици од основци и средношколци од повеќе битолски училишта, потпомогнати од јавните претпријатија Срежево и Комуналец. Меѓу поддржувачите и учесници на настанот беа Europe House Bitola Podcast Corner и Американското катче Битола. Со сите нив, според проректорката Јасмина Буневска Талевска, УКЛО успеа да допре до младите луѓе, да покаже што може да им пониди и на другите возрасти  воопшто и да ја демонстрира својата улога во заедницата.

Првиот целодневен настан е заокружен со дружење и вмрежување за јакнење на јавната свест за поголема безбедност и одржлива мобилност како дел од широката кампања  за формирање здрави животни навики, чиста животна средина, побезбеден сообраќај и поддршка на алтернативни форми на мобилност кои позитивно влијаат на здравјето и околината.