Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, во соработка со Универзитетското студентско собрание, започна со реализација на нов проект под наслов „Неколку минути за…“
Целта на активноста е преку отворена, неформална и интерактивна online дружба, со соодветни стручни лица да се посвети внимание на теми од определени области коишто се од интерес за студентите.
Првата ваква online дружба во рамките на проектот „Неколку минути за…“ се одржа на 31.03.2022 година. Професорката Гордана Ристевска Димитровска од Високата медицинска школа одржа предавање на тема ,,Самодовербата-вистини и заблуди“.
Студентите од УКЛО покажаа голем интерес за настанот. КРЕДО Центарот при УКЛО продолжува со организирање на ваков вид настани на актуелни теми, особено оние коишто се иницирани од студентите.