На 12 декември 2023 во 14 ч. во СИЦ, УКЛО ќе ја промовира  книгата ,,Адресирање на транрегионални предизвици во интелегентни транспортни системи од менаџерска и техничка перспектива“, ADDRESSING TRANS-REGIONAL ISSUES OF Intelligent Transport Systems FROM MANAGERIAL AND TECHNICAL PERSPECTIVE  од авторките, академски кадри од УКЛО: проф. д-р Даниела Колтовска Нечоска, Рената Петревска Нечкоска и Мимоза Богданоска Јовановска.

Книгата претставува нова методологија за регионална соработка  кон заеднички трансферзални проблеми од реалноста и истовремено вклучува бројни соработници, држави, дисциплини, институции и универзитети.

Промоцијата на УКЛО се организира во рамки на чествувања за Патронот на УКЛО, од неколку поводи: Книгата е мулти/интер/трансдисциплинарна и учествуваат професорки од три факултети: ТФБ, ЕФП и ФИКТ, при што и рецензентите и лектурата се од академски кадри на УКЛО, и особено што извавач е УКЛО/ТФБ.  Авторскиот труд произлезе од проект на Алумни асоцијацијата на Западен Балкан- WBAA, тоа е првата книга што излезе од истражувачки тим на Асоцијацијата и се наоѓа на отворен пристап до цел свет.

Инаку,  академското четиво влезе во основна литература за 3 ЕКТС на Економски факултет – Прилеп во рамки на курсот: Менаџерска и техничка перспектива на транс-регионални предизвици како професионален развој (micro-credentials).

Книгата претходно беше промовирана на Генералното собрание на Western Balkans Alumni Association во Белград, пред претставници од Западен Балкан и ЕУ.