Во рамки на проектот  УКЛО Неформално учење, на 18.05.2023 г. во Студентскиот информативен центар одржани се две нови работилници.

Професорката Наташа  Блажеска Табаковска од Факултетот за информатички и комуникациски технологии – Битола, подетално ги запозна студентите  со MS Project,   еднa од најпопуларните софтверски алатки за управување со проекти, што сè уште е на врвот на листата на софтвери за управување со проекти. MS Project е моќно и интуитивно решение кое на проектните менаџери или на секој кој работи на проекти им овозможува да покриваат повеќе од нивните основни активности за управување со проекти.

За темата Софтверски алатки-SPSS работилницата ја водеше проф. д-р Јонче Ивановски од Факултетот за безбедност – Скопје. Тој со студентите разговараше за основите на SPSS  – статистичкиот пакет за општествени науки, како разновидна и чувствителна програма дизајнирана да врши различни статистички процедури.

Во фокусот на работилницата се најдоа и други елементи поврзани со практичната примена на софтверскaтa алатка широко користена во низа дисциплини.