Во Охрид од 12 до 14 ноември 2021 се одржа работилница на тема „Опасноста од неексплодирани убојни средства: примена на дигитални технологии во справувањето“ во рамки на НАТО проектот VECTOR кој е мултинационален проект во рамките на програмата на НАТО – Наука за мир и безбедност, спроведуван од CENTRIC – Центар за извонредност во истражувањата за тероризам, отпорност, разузнавање и организиран криминал при Шефилд Халам Универзитетот од Обединетото Кралство, во соработка со Факултетот за безбедност – Скопје при УКЛО, Школата за наука и технологија при Универзитетот во Сараево, Босна и Херцеговина и CERTH – Центарот за истражување и технологија Хелас од Грција.
Со поздравни говори и поддршка за активностите се обратија министерот за внатрешни работи, г-н Оливер Спасовски, Ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, проф.д-р Сашо Коруноски, г-а Сунчица Алексовска од Бирото за јавна безбедност, д-р Саит Саити, Генерален секретар на Црвен крст на Република Северна Македонија, проф. д-р Никола Дујовски, Декан на Факултетот за безбедност – Скопје, проф. д-р Бабак Акгар, Директор на ВЕКТОР проектот и Директор на CENTRIC при Универзитетот Шефилд Халам и Проф. д-р Марина Малиш Саздовска, ко-директор на ВЕКТОР проектот, Факултет за безбедност – Скопје.
Основни елементарни средства и услови за работа немаат пиротехничарите од Дирекцијата за заштита и спасување и тоа е голем недостаток на системот за заштита и спасување и управување со кризи што непосредно влијание врз неговата неефикасност, нагласи професорот Марјан Ѓуровски на затворањето на работилницата во Охрид врз основа на дискусиите од дводневната дискусија.