НЕ г-ѓа Адела Моника Аксинте, Амбасадор на Романија во Република Северна Македонија, придружувана од г-дин Александру Мамакис, почесен конзул на Романија со седиште во Битола и г-дин Николае Станчу, лектор по романски јазик на Филолошкиот факултет од Скопје оствари средба со ректорот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, проф. д-р Сашо Коруновски.

Во текот на пријатната средба разменети се мислења за правците и перспективите во академската соработка којашто досега се остварува преку два билатерални и неколку Еразмус+ договори.

Воедно, разгледани се и прашања за регионално поврзување во повеќе сегменти меѓу кои вклучување на влашката заедница, изучување на романскиот јазик и сл.

Високата романска делегација покрај  од ректорот  Коруновски беше пречекана од проректорот за настава, проф. д-р Љупче Кочоски, проф. д-р Пеце Николовски, претседател на Универзитетскиот Сенат и генералниот секретар, м-р Офелија Христовска.

Амбасадорката на Романија, г-ѓа Адела Моника Аксинте, работната средба во УКЛО ја  реализира во рамки  на посета на Битола, на 21 март 2022 година.