Традиционалната годишна конференција на Европската Универзитетска Асоцијација – ЕУА за 2022 година се одржа од 27.04.2022 до 29.04.2022 година.

Универзитетот за технологија и економија во Будимпешта, Унгарија во својство на домаќин беше средиште на европските универзитети и ги обедини околу една мошне атрактивна и актуелна тема: Универзитетски вредности: што, зошто и како?

Фокусот на годинешниот најзначаен форум во европското високо образование беше насочен кон зачувување на вредностите како што се: академската слобода, универзитетската автономија и слободата на изразување.

Низ пленарни седници од различен формат Конференцијата обезбеди размена на мислења за тоа како се обликуваат вредностите и стратешките цели на европските универзитети.

Ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски присуствуваше на овој најзначаен годишен собир на универзитети, односно форум во областа на европското високо образование и во делот на предконференциските состаноци и на ЕУА Тркалезната маса за лидерство.