НАПРАВИ ЧЕКОР НАПРЕД

Работилница: Барање работа преку Интернет
Временска рамка на работилницата:  

 

–          Користење на платформата Bintern

–          Професионално вмрежување на LinkedIn

–          Основи на freelance преку UpWork

Место:  

Центар за кариера, алумни и доживотно учење

Правен факултет – Битола ПРВ кат

Време: 25.03.2022 година (петок) со почеток во 12,00 ч.
Организатори:  

 

Bintern,

Универзитетско студенско собрание   и  

Центар за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО

Предавачи:  

Димитар Митревски, основач и управител на Bintern
(dimitar@bintern.com)

Пријавување:  

 

Симона Наумовска–претседател на УСС, simona.naumovska@uklo.edu.mk

 

 

Краток опис: Барањето работа во современиот контекст на пазарот на труд е предизвик со кој се соочуваат сите млади луѓе по дипломирањето. Пронаоѓањето работа којашто е во склад со образовната позадина и лични преференции на поединецот бара проактивен пристап и упорност. Првиот и клучен чекор во овој процес е самоиницијативноста во потрага по саканата работа/работно место и соодветното преставување на кандидатот пред работодавачот. Со константата дигитализација и развојот на Интернетот се промени и начинот на барање односно наоѓање работа. Поради тоа,  решивме да ја организираме оваа работилница која ќе ве запознае со новите начини на барање работа преку Интернет, односно преку платформи кои имаат за цел да ве поврзат со потенцијални работодавачи. После завршувањето на работилницата, сите учесници ќе добијат сертификат за успешно завршена обука.

Студентите ќе имаат можност стекнатите вештини да ги искористат при барање работа или пракса користејќи Интернет и на тој начин да стигнат до посакуваното работно место.

 

Работилницата е бесплатна и  отворена  за сите заинтересирани студенти на УКЛО