На 9.03.2022 одржана е академска промоција на книгата „Основи на безбедност – концепциски безбедносни пристапи” од проф. д-р Марјан Ѓуровски во организација на Универзитетот „Св.Климент Охридски”- Битола и со поддршка на Фондацијата Конрад Аденуаер.

На настанот покрај поздравните обраќања од ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски и Даниел Браун од Фондација Конрад Аденуаер, за книгата говореа промоторите: Виктор Димовски од Агенцијата за национална безбедност, професорите: Трајан Гоцевски,  Оливер Бакрески, Марјан Николовски и академик Неџат Корајлиќ.

Универзитетскиот учебник „Основи на безбедност – концепциски безбедносни пристапи” е наменета за едукација на студиите по безбедност, криминалистика и криминологија на Факултетот за безбедност-Скопје на трите циклуси на студии  и  ќе им биде од корист и на релевантни установи од областите на безбедноста.

Во рамки на промоцијата одржана е дебата посветена на безбедносните ризици, со посебен фокус кон сериозната политичка и безбедносна руско – украинска криза.