Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола, преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење продолжува со успешното поврзување со компаниите како начин за поголема кохезија помеѓу високото образование и индустријата што претставува предзнак на современите универзитети. Токму  во таа насока е и потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола претставуван од ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски и Трговско друштво за пиво, слад, оцет, алкохолни и безалкохолни пијалаци ПИВАРА СКОПЈЕ АД Скопје, претставувана од Генералниот директор Горан Сладиќ.

 

Потпишувањето на Меморандумот за соработка со оваа реномирана компанија претставува уште една алка во ланецот мерки кои актуелното раководство на УКЛО ги презема, а со цел подигнување на квалитот на студентите во систем, како и на дипломираните студенти кои се образовале во оваа високо-образовна институција.

Меморандумот за соработка ги отвора широко вратите за студентите кои своите практични познавања ќе ги стекнуваат и во оваа компанија, аисто така дава можност, стручни кадри од компанијата да се вклучат во наставниот процес како дел од клиничката настава којашто се изведува на единиците на УКЛО.

Со цел стекнатото теоретско знаење да се преточи во пракса, со потпишувањето на Меморандумот за соработка, на студентите ќе им се овозможи да истражуваат на определена тема и истите да бидат преточени во магистерски и докторски трудови со менторска поддршка од стручни лица во компанијата.

Меморандумот за соработка, согласно мерките за заштита од ковид-19, се потпиша одделно од двете страни.