И оваа академска 2021/2022 година, Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при Универзитетот ,,Св. Климент Охридски“ – Битола, во континуитет ги продолжува активностите за подобрување на компетенциите на студентите со меки вештини.

На работилницата која се одржа на 04.03.2022 година во просториите на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење, беа опфатени 3 модули и тоа:

  • Како да изработиме ефикасно CV
  • Мотивацоно писмо и неговото значење
  • Како да се однесуваме на интервју за работа

Во рамките на активностите кои ќе се спроведуваат во соработка со Универзитетското студентско собрание, планирано е да се организираат низа вакви и слични работилници за студентите од сите единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола (УКЛО).

Втората работилница од оваа сесија, ќе се одржи на 09.03.2022 година, исто така  во просториите на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење.

Обуките беа спроведени од Советникот за кариера, алумни и доживотно учење и одговорен за работата на центарот д-р Гоце Маркоски и од вишиот соработник за кариера, алумни и доживотно учење, Даниела Андоновска Крстанова.