На  194 седница на Универзитетскиот сенат, Емилија Баткоска студент во втора година на Факултетот за туризам и угостителство – Охрид е избрана за в.д. Студентски правобранител на УКЛО.

Одлуката за избор на Емилија Баткоска доаѓа на предлог од Универзитетското студентско собрание, по констатираниот предвремен престанок на мандатот на претходниот Студентски правобранител на УКЛО, Бојан Петровски, по неговото дипломирање и губење на статусот редовен студент.