Универзитетот „Св. Климент Охридски“- Битола, преку Центарот за кариера, алумни и доживотно учење, оваа година учествува на првиот регионален саем за кариера, којшто се одржува по виртуелен пат. Целта на вака конципираната активност беше усогласена со потребата за промовирањето на Универзитетот и неговите единици, пред пошироката јавност а при тоа, да се запазат мерките за заштита од ковид-19.

Саемот е отворен до 01 Октомври 2022 година и на него ќе бидат претставени сите 12 единици на Универзитетот на посебни штандови, при тоа нудејќи информации за студирање за сите три циклуси, како и подетално образложение на студиските програми.

Интересно е да се напомене дека на виртуелниот саем за кариера, кој годинава има регионален карактер, учествуваат голем број на познати универзитети од Регионот и Западен Балкан, за што постои голем интерес од потенцијалните студенти.

Виртуелниот саем за кариера, можете да го проследите на следниот линк: https://nakojicesfaks.com/floor/349