На 22.12.2021 во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола беше потпишан меморандум за соработка помеѓу УКЛО и Универзитетот „Укшин Хоти“од Призрен. Со овој меѓусебен акт претставниците на двата универзитети се обврзаа да ги негуваат академските принципи при размена на кадри, студенти, учество во заеднички истражувачки проекти, учество на конференции, обука на кадри и др.

Во пријатна атмосфера ректорот на УКЛО проф. д-р Сашо Коруновски со својот колега ректорот проф. д-р Самедин Крабај дискутираа за можните начини на продлабочување на меѓусебната соработка на двете високо-образовни установи, што исто така, дополнително, ќе придонесе во развојот на целиот регион.