Националната агенција за европски образовни програми и мобилности која позитивно ги оценува активностите на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење, со уште едно признание за УКЛО.

Имено, советникот за кариера, алумни и доживотно учење и одговорен за работата на Центарот за кариера, алумни и доживотно учење при УКЛО, д-р Гоце Маркоски е избран за Еврогајденс амбасадор.

Изборот е извршен по претходно објавен повик од Агенцијата и по утврдување на исполнетост на посебните критериуми.

На овој начин, УКЛО станува дел од Еврогајденс, европската мрежа на национални ресурси и информативни центри за насочување, и истата е многу значајна во развојот на кариерата на младите, обезбедувајќи водење и советување како за образовниот така и за кариерниот развој. Еврогајденс е присутна во околу 34 земји, ја поддржува интернационализацијата на кариерното насочување и советување.

Целта на ваквата активност е, промовирање на европските вредности за кариерно насочување и водство пред студентите и обезбедување на квалитетни информации за кариерно  насочување и целите на учење.