На иницијатива на Универзитетското студенско собрание на УКЛО на 18.05.2022 година, во објектот МАГАЗА во Битола, од 11-15 часот. ќе се спроведе крводарителска акција.

Акцијата е отворена за студентите и вработените на УКЛО, може да се вклучат и граѓани кои го поддржуваат овој хуман настан.

Крводарителската акција УСС УКЛО ја реализира во соработка со Црвениот крст на РСМ-Општинска организација на Црвен крст Битола и Институтот за трансфузиона медицина Битола под мотото  ТВОЈАТА ХУМАНОСТ – СПАСУВА ЖИВОТ!