Факултетот за безбедност-Скопјe  и Американскиот центар за образование  започнаа онлајн  предавања од областа на јавните политики за безбедност и меѓународни односи. Покрај  студенти од УКЛО, сесиите може да ги следат и студенти од други универзитети кои изучуваат безбедносни политики и стратегии, креирање јавни политики, современи теории и концепти за безбедност и други слични програми. Онлајн клубот им овозможува на студентите да ги дополнуваат предавањата со дискусии и дебати со професори од земјата и странство и воедно да споделуваат  практики поврзани со носење одлуки, пишување трудови, симулации и слично.

Оваа интересна форма на поврзување и споделување има за цел да ги мотивира и поттикне студентите и во вонредни околности. За активностa, студентите ќе се стекнат со соодветен сертификат потпишан од Факултетот за безбедност и Американскиот центар за образование.