На 24.11.2021 г. на УКЛО, успешно заврши изборот на претседател и членови на раководството на Универзитетското студентско собрание.

Симона Наумовска, редовен студент на Ветеринарниот факултет со тајно гласање избрана е за лидер на студентите на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола.

Со изборот на Симона за студентски лидер на УКЛО уште еднаш се афирмираа базичното начело на еднаквост, со што УКЛО  се вбројува меѓу универзитетите чија цел, меѓу другото е постигнување на вистинска родова еднаквост. Претходно, функцијата студентски лидер на УКЛО во два наврати ја извршуваше Дона Петрова од Правниот факултет.