УКЛО добива студентски парк. Просторот пред ФИКТ, стара Касарна ќе се облагороди со нови рекреативни и креативни содржини.
Идејата од студентите на УКЛО која беше силно поддржана од Ректорската управа ја потврди и Општина Битола. Двете установи договорија заедничко финансирање во студентскиот парк со што покрај општествената одговорност реално ја потврдуваат и меѓусебната соработка и доверба.
Реализацијата на идејата за студентски парк започнува со хортикултурното уредување на просторот којшто ќе им биде од корист и на сите граѓани, што меѓу другото е заложба и на УСС од УКЛО.
Според градоначалникот Тони Коњановски, студентскиот парк ќе биде убаво уреден простор за студентите и корисниците на услуги од Студентскиот дом.
Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски изрази уверување дека просторот ќе се уреди соодветно со почитување на идеите и содржините што доаѓат од младите.
Симона Наумовска, студентскиот лидер на УКЛО оценува дека нивната идеја за студентскиот парк започнува да се остварува и наскоро студентите ќе имаат свое катче за кративно делување, дружење и вмрежување.