По повод 100-годишнината од основањето на Филозофскиот факултет во Скопје, на 30.11.2021 беше доделена награда на проф. д-р Сашо Коруновски, ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, за долгогодишен и исклучителен придонес во развојот на наставната и научната дејност на Факултетот.

Покрај ректорот на УКЛО, Филозофскиот факултет, ваква награда, им додели и на: претстедателот на Собранието г. Талат Џафери, ректорот на УКИМ проф. д-р Никола Јанкуловски, деканите на факултетите на УКИМ, како и претставници на странски високообразовни институции и други еминентни чинители на општествениот живот.

Целта, како што истакна деканот Дуев во своето обраќање, е да се покаже дека високото образование нема граници и дека академската заедница е главен двигател на општествената одговорност.