ИЗДАВАЧКА ДЕЈНОСТ

Издавачката дејност на Универзитетот "Св.Климент Охридски" - Битола е една од најважните активности за комплетно функционирање на Универзитетот. Преку неа академската јавност доаѓа во контакт со сите случувања кои се однесуваат на развојот на наставно-научните процеси на сите единици на Универзитетот.  Универзитетот се етаблира во нашата држава и надвор од неа со богата и плодна издавачка дејност.

Во издавачката активност на Универзитетот се вбројува Билтенот, Научното списание и весникот Универзитетски глас.

Дистрибуцијата  на гласилото и списанието и пошироко, надвор од Универзитетот, до некои релевантни субјекти коишто ги тангираат овие области придонесува, макар и симболично, за продлабочување на односите Универзитет - надворешен свет, што е исто така  еден од приоритетите на Болоњскиот процес.


Scroll to Top