НАУЧНОИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ

НАУЧНО-ИСТРАЖУВАЧКА ДЕЈНОСТ

Функционирањето на УКЛО се заснива врз принципот на единство на наставнообразовната и научно-истражувачката дејност. Универзитетот, во согласност со  начелата во Болоњската декларација и особено Декларацијата од Саламанка за неодвоивост на науката и високото образование, спроведува единствена политика во којашто научно-истражувачката дејност има исто таков приоритетен третман како и наставнообразовната.

И покрај фактот што високообразовните и научните единици во состав на УКЛО се акредитирани за вршење научно-истражувачка дејност, сепак,  заради објективните општествени услови и околности оваа дејност не секогаш се остварува со посакуваниот интензитет. Одделни, претежно научни единици во состав на УКЛО, бележат значајни остварувања на овој план во преземените основни, апликативни и развојни истражувачки проекти во научните области што се матични во нивното функционирање.

Покрај истражувачките проекти чијашто непосредна цел е унапредување на наставата и осовременување на научно-образовниот процес, универзитетските кадри на УКЛО се носители на значајни проекти од програмите за научно-истражувачка работа на Република Македонија или, заедно со други партнери, учествуваат во нивната реализација.

Се поголемиот број докторски дисертации што се бранат на матичните факултети во состав на Унивезитетот, одат во прилог на интензивирање на научно-истражувачката дејност и вклучувањето на младите кадри како потенцијални истражувачи.


Scroll to Top