Проф. д-р Сашо Коруновски, ректор


дипл.инг.архитект; магистер по историја на уметност и археологија; доктор по историја на уметност – Историја на византиска архитектура

e-mail: saso.korunovski@uklo.edu.mk; rector@uklo.edu.mk

Досегашни функции:

  • декан на Факултет за туризам и угостителство - Охрид (2010-2015)
  • продеканза настава на Факултет за туризам и угостителство – Охрид ( 2005-2010 )

Издавачка дејност:

  • објавени 22 научни и стручни трудови во домашни и во меѓународни списанија со и без фактор на влијание
  • автор/коавтор на 8 монографии и учебницииздадени во Македонија, Италија и Франција
  • учествувал во реализацијата на 29 научно-истражувачки проекти

Научна област:

  • валоризација и ревитализација на културно наследство, културен туризам, историја на архитектура

Проф. д-р Марјан Ангелески, проректор за настава


e-mail: marjan.angeleski@uklo.edu.mk

Досегашни функции:

   ● продекан за настава на Економски факултет – Прилеп во два мандати (2010-2014 и 2014-2015)

   Издавачка дејност:
   ● објавени 40 научни и стручни трудови во домашни и во меѓународни списанија и зборници од научни симпозиуми и конференции;

   ● коавтор на 2 учебни помагала; 
   ● учество во реализацијата на поголем број научно-истражувачки проекти и мобилности и проектни активности во рамките на Европските образовни програми

Области на истражување:
   ● е-бизнис, e-бизнис подготвеност и проектен менаџмент

Проф. д-р Светлана Николоска, проректор за финансии и развој


e-mail:svetlana.nikoloska@uklo.edu.mk

Досегашни функции:

  • Вработена во МВР на РМ – 1992 – 2008,  инспектор во криминалистичка полиција,  раководител и советник.
  • Раководител на Оддел за континуирано образование на Факултет за безбедност Скопје – 2008 – 2009.
  • Раководител на Студиска програма Безбедност и финансиска контрола 2010 – 2012.
  • Раководител на Катедра за криминалистички науки (2014 во тек)

Издавачка дејност:

   ● Објавени 35 научни и стручни трудови во домашни и во меѓународни списанија, 2 труд со импакт фактор
   ● Автор на 4универзитетски учебници

  • Автор на 4 монографии и 1 прирачник
  • Учесник на 1 меѓународен научно истражувачки проект  и 3 национални научно - истражувачки проекти
  • Член на Уредувачки одбор на Годишник на Факултетот за безбедност

Научна област:
   ● Безбедносни науки – основи на криминалистика и криминалистичка тактика и криминалистичка методика (финансиски криминалитет, перење пари, компјутерски криминалитет, класиен и  малолетнички криминалитет) 

Проф. д-р Елизабета Бахтовска, проректор за наука


e-mail:  elizabeta.bahtovska@uklo.edu.mk

Досегашни функции:

  • продекан за настава на Технички факултет (1998-2000)
  • член на Сенатот на УКЛО (2005-2013)
  • национален Болоња промотор за Р. Македонија (2005-во тек)
  • продекан за меѓународна соработка и соработка со стопанството (2014-2015)

Издавачка дејност:

  • објавени над 60 научни, едукативни и стручни трудови
  • автор на 6 учебници и 4 книги
  • учество во реализацијата на 2 меѓународни научноистражувачки проекти  и 3 национални научноистражувачки проекти, од кои на 2 како раководител, а на 3 проекти како член
  • учество во реализацијата на 7 меѓународни едукативни  проекти, од кои, на 3 како раководител, а на 4 проекти  како член

Научна област:

  • механика и јакост на материјалите,
  • потесна област: пригушување на вибрации на снопови од проводни јажиња

Награди и признанија:

3. награда за иновација на саемот за иновации МАКИНОВА

Проф. д-р Виолета Маневска, проректор за студентски работи


e-mail: violeta.manevska@uklo.edu.mk

Досегашни функции:

   ● декан на Факултетот за администрација и менаџмент на информациски системи (2007-2010)

   ● раководител на Советот на докторски студии на Факултетот за информатички и комуникациски технологии (2014-во тек)

   ● раководител на Катедрата за теоретски основи на информатиката и пресметковно инженерство (2014-во тек)

Издавачка дејност:
   ● објавени 65 научни и стручни трудови во домашни и во меѓународни списанија со и без фактор на влијание и во зборници
   ● автор на 3 учебници
   ● учествувала во реализацијата на 5 научно-истражувачки проекти
Научна област:
   ● информатика и математика: векторско-вредносни структури, теорија на конечни автомати и јазици, бази на податоци,  веројатност и статистика

М-р Офелија Христовска, генерален секретар


 

e-mail: ofelija.hristovska@uklo.edu.mk

-> CV


Scroll to Top