Програми, стипендии, грантови

Стипендии за истражување и уметнички престој во Словачка

Министерството за образование и наука информира дека во тек е конкурс за доделување на стипендии во рамки на Словачката национална програма за стипендирање, наменети за истражување и уметнички престој на словачките јавни универзитети и истражувачки организации во академската 2017/2018 година.

Стипендиите ги обезбедува Владата на Словачката Република и истите во целост ги покриваат трошоците за живот на стипендистот за време на престојот.

Пријавувањето трае до 30 април 2017 година, а повеќе информации за начинот, условите, критериумите, потребните документи и пропишаните обрасци за аплицирање се достапни на интернет страницата www.scholarships.sk

Стипендии на УНЕСКО од областа на одржливи и обновли енергии за 2017

Меѓународниот центар за развој на одржливи енергии од Москва (Руска Федерација) во соработка со УНЕСКО, доделува 20 стипендии за земјите членки на УНЕСКО.

Подетални информации:
http://www.unesco.org/new/en/fellowships/programmes/unescoisedc-co-sponsored-fellowships-programme/

 

Отворени повици во рамки на Програма Хоризонти 2020 за сл. програмски столбови:

Општествени предизвици и

Индустриско лидерство

Подетални информации: https://ec.europa.eu/research/participants/portal/desktop/en/opportunities/h2020/index.html

 

Стипендии за студиски престој на високообразовните установи во Чешката Република

Објавен е конкурс за доделување  стипендии за академската 2017/2018 година за студиски престои на државните високообразовни установи во Чешката Република во времетраење од 2 до 10 месеци.

Стипендиите се  наменети за македонските дипломирани и активни студенти на додипломски студии, кандидати запишани на докторски студии, универзитетски професори, истражувачи и уметници.

Повеќе...


Конкурс за доделување стипендии за редовни додипломски, магистерски студии и специјализации во Народна Република Кина
http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/1806-21

Конкурс за доделување стипендии за додипломски, постдипломски и докторски студии на државните високообразовни установи во Унгарија за академска 2017/2018 година
http://www.mon.gov.mk/index.php/2014-07-23-14-03-24/vesti-i-nastani/1804-20-2017-2018


Кофинансирани грантови и условени заеми за комерцијализација на иновации

Повеќе.


Стипендии на Eötvös Loránd универзитетот

Универзитетот Eötvös Loránd (ELTE) од Будимпешта, Унгарија објавува повик за аплицирање за стипендии за целосни додипломски, мастер и докторски студии, во рамките на Програмата Stipendium Hungaricum.

За академската 2017/2018, ELTE, којшто е водечка високообразовна и научно-истражувачка институција во Унгарија, нуди 58 студиски програми во 6 научни области за заинтереираните интернационални студенти (https://www.elte.hu/en/stipendium-hungaricum). Крајниот рок за аплицирање е 5 март 2017, а останатите информации во врска со процесот на аплицирање може да се најдат во Повикот за аплицирање - (http://www.tka.hu/docs/palyazatok/20170103_call_for_applications_2017_2018.pdf ) и секако на официјалните web страници на Универзитетот и на Програмата: (https://www.elte.hu/en/stipendium-hungaricum и www.stipendiumhungaricum.hu/).

Дополнително:

Видео - www.elte.hu/en/video

Брошури - www.elte.hu/en/brochures

Практични информации за странски студенти - www.elte.hu/en/practical

Facebook - www.facebook.com/elteinternational

Slideshare - www.slideshare.net/elteinternational

 

Можност за студентска размена во рамки на програмата Фулбрајт

Во рамки на програмата за меѓународна размена на студенти-истражувачи и студенти на втор циклус, се отвора можност за сите заинтересирани да аплицираат за студентски престој во САД во академската 2018/2019 година. Рокот на доставување на апликациите е 31 мај, 2017 година.

Повеќе

Стипендии за студирање во Русија

Повеќе

Конкурс за стипендии за кратки студиски престои во Велика Британија за 2017 година
Повеќе информации:
http://stipendii.mon.gov.mk/dodiplomski-drugiinstitucii-nadvorodrm?p_p_id=33&p_p_lifecycle=0&p_p_state=normal&p_p_mode=view&p_p_col_id=column-5&p_p_col_pos=1&p_p_col_count=2

 

Конкурс за доделување стипендии за студии од втор циклус на првите сто рангирани универзитети според последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет за академската 2017/2018 година

Подетални информации: http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursi/1708-2

 

Конкурс за доделување стипендии за студии од трет циклус на првите сто рангирани универзитети според последната објавена листа на Центарот за универзитети од светска класа при Шангајскиот Џио Тонг универзитет за академската 2017/2018 година

Подетални информации: http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursi/1710-2017-2021

 

Конкурс за доделување стипендии за изучување на словенечки јазик и студиско усовршување во Република Словенија за академската 2017/2018 година

Подетални информации: http://www.mon.gov.mk/index.php/konkursi/1702-2017-2020

 

ЛЕТНА ШКОЛА ВО ВИЕНА

Универзитетот во Виена секоја година организира Интернационална летна школа за студенти и академски кадар  во Штробл на езерото Волфганг во Република Австрија.

Програмата на летната школа е на англиски јазик и обработува теми поврзани со политичките, економските, правните, историските и културните аспекти во развојот на Европа и Европската унија.
Подетални информации на веб страна http://shs.univie.ac.at.

 

ПОВИК ЗА УЧЕСТВО ВО CEEPUS ЗА АКАДЕМСКАТА 2017/2018

Националната CEEPUS канцеларија при Министерството за образование и наука на Република Македонија известува за можноста за партиципирање во Програмата за поддржување и поттикнување академска соработка помеѓу земјите на Централна и Југоисточна Европа на полето на размена на студенти и кадри (Central European Exchange Program for University Studies). Соработката во рамките на CEEPUS се одвива врз база на вмрежување на најмалку три високообразовни институции од земјите потписнички на договорот (прилог) и, покрај примарната цел, мобилност на студенти и кадри, нуди можност за креирање и развивање и заеднички студиски програми.

Високообразовните институции и нивните членки може да аплицираат исклучиво on-line на официјалната веб страница на CEEPUS www.ceepus.info, а Конкурсот за учество во Програмата за академската 2017/2018, трае до 15 јануари 2017.

Дополнителни информации може да се добијат во Националната CEEPUS канцеларија на: olga.dukovska@mon.gov.mk


Меѓународни програми на Кембриџ

Министерството за образование и наука известува за меѓународни летни програми организирани од страна на Универзитетот во Кембриџ, Велика Британија, во периодот помеѓу 9 јули и 19 август 2017 година со можност за учество на студенти од високообразовните институции во РМ.

Дополнителни информации за програмите и за начинот на аплицирање може да се добија директно на порталот на Универзитетот, како и на integ@ice.cam.ac.uk

 

Конкурс за кофинансирање на билатерални проекти меѓу Република Македонија и Република Словенија за периодот 2017-2018 година

повеќе

 

EUROMIME Erasmus Mundus мастер програма

Отворен е повик за аплицирање за EUROMIME Erasmus Mundus мастер програмата, што ја нуди конзорциум од 7 универзитети помеѓу коишто се Универзитетот од Поатје, Франција, Универзитетот  од Лисабон, Португалија и Националниот Универзитет за далечинско учење од Мадрид, Шпанија. Сите информации и поважни термини во врска со оваа мастер програма од областа на едукативната технологија се достапни на следниов линк: http://euromime.org/en/home/the-euromime-master 

 

Отворени се најновите повици во рамки на Програмата HORIZON 2020.

Подетални информации: http://ec.europa.eu/programmes/horizon2020/en/newsroom/548/

 

ERASMUS MUNDUS меѓународна мастер програма ADVANCES за социјалните работници од целиот свет

Можност за меѓународна заедничка мастер програма Напреден развој во социјалната работа (ADVANCES) за сите практичари во областа на социјалната работа што се организира на пет европски универзитети: Линколн Универзитетот од Велика Британија, Универзитетот од Варшава, Полска, Универзитетот Алборг од Данска, Универзитетот во Лисабон, Португалија и Западниот универзитет Париз Нантер, Франција.

Деталните информации за Програмата, информации за пријавувањето и крајните рокови за пријавување се достапни на www.socialworkadvances.org


Scroll to Top