Културен и спортски живот

Седиштето на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ се наоѓа во Битола, град со богат културен живот. Народниот театар од Битола со атрактивна драмска продукција се наоѓа на пиедесталот на драмската дејност во Македонија и пошироко.Во Битола се организираат меѓународи манифестации кои нудат различни видови забава: Меѓународниот фестивал на кинематографијата “Браќа Манаки“, Меѓународниот фестивал на класична музика “Интерфест“, Фестивалот на народни песни и игри “Илинденски денови“, Битолското културно лето “Хераклејски вечери“, Меѓународното графичко триенале, Фестивалот за алтернативна уметност “Акто“, единствената и уникатна детска ликовна колонија “Мал Битолски Монмартр“ и многу други. Духот на градот може да се почуствува со прошетка по Широк сокак, со неизбежно пиење кафе во кафулињата по најмонденската улица во земјата, во друштво на стари и значајни историски и културни споменици и знаменитости – цркви, џамии, стари куќи кои оставаат без здив со нивната убавина и археолошка вредност.

Во близина на Битола се наоѓа една од најстарите антички населби – Хераклеа Линкестис, основана во 4-от век пред новата ера од Филип Втори Македонски. Импресивните живописни мозаици, акрополи, некрополи, мала и голема базилика, Епископијата, статуата на Атена Партенос и другите споменици нудат вистинско уживање за посетителите и пасионираните археолози. Во лето, Римскиот театар е место на бројни културни збиднувања.

Битола има активен спортски живот,со професионални спортски екипи за фудбал, кошарка и ракомет, спортските објекти овозможуваат рекреација за различни спортови прилагодени за индивидуални и тимски активности. Покрај јавните спортски објекти, студентите можат да ги користат спортските објекти наменети за рекреација кои се наоѓаат во непосредна близина на студентскиот дом.

Љубителите на планините и природата ќе останат заробени од убавините на Планината Баба со врвот Пелистер, кој се наоѓа на 15 километри од градскиот центар. Најзаначајната знаменитост е автохтониот петтолисен бор Молика, кој води потекло од терцијарниот период и претставува балкански ендемичен вид. Пелистерскиот масив е испресечен со живописни планински реки и потоци, а посебен украс  но посебен украс претставуваат глацијалните езера наречени “Пелистерски очи“.

Охрид,Прилеп, останатите универзитетски градови, исто така, можат да бидат горди на нивната културна и спортска понуда.

Охрид е град – музеј, се наоѓа на листата градови под заштита на УНЕСКО. Секоја негова улица, куќа или црква поседува нешто ретко, интересно и интригантно за домашните и странските посетители. Охрид е центарот на христијансвото на сите Словени, седиште на архиепископијата, на првите школи и универзитети на овие простори, но и многу подалеку. Денеска Охрид е центар на светски археолошки откритија и наоѓалишта. Охрид е градот на 365-те цркви. По една црква за секој ден во годината. Градот на првите пештерски  цркви на овие простори во кои човек заборава на времето и просторот и добива единствени одговори. Градот каде монаштвото ја оставило сета своја мудрост, а бог својата премудрост. Постојат голем број фестивали и празнувања кои се оригинален израз на духот на Охрид и неговите луѓе. Меѓу овој избор на настани кои се одвиваат во текот на годината се следниве: “ЕКО” фестивал - Меѓународен фестивал за култура, екологија и туризам (Јуни); Меѓународен пливачки маратон; Меѓународен ”Балкански фестивал на народни песни и игри” (5-10 Јули); Фестивал “Охридски лето” - Меѓународен фестивал за класична музика и драмски изведби(12 Јули - 20 Август); Меѓународен семинар за македонски јазик, литература и култура (Август); Меѓународна веслачка и едриличарска регата - (2 Август); Фестивал “Охрид фест” фестивал на забавна и народна музика( Август) и многу други.

Денес, во светот има само неколку езера чија старост би можела да се споредува со Охридското Езеро. Охридското Езеро е сместено во котлина која од сите страни е опкружена со планини, чии врвови надминуваат 2000 метри надморска височина. Бреговите на Охридското езеро се атрактивни и ги привлекуваат љубителите на долгите прошетки, како и на оние кои уживаат под сончевите зраци. Охридското езеро е “Македонското слатководно море“.

Прилеп е град на богата историја. Сместен е под Марковите Кули една од најживописните средновековни тврдини со монументални гранитни карпи.Ова место во целост ја заслужува заштитата на УНЕСКО, како едно од највредните светски богатства. Марковите кули како историски и археолошки монумент нуди можности за  добра прошетка и услови за релаксација надвор од градската врева Во близина на Прилеп се наоѓа археолошкиот локалитет Стибера, еден од најатрактивните антички градови во Македонија. Познат по тутунот и мермерот Прилеп има ,,добра почва,, за културно творештво. На почетокот на јуни градопт е домаќин  на  македонскиот театарски фестивал ,,Војдан Чернодрински,,. Манифестација Прилепско културно лето опфаќа бројни настани: музички и поетски вечери, театарски претстави, изложби итн. Градот  кој пет децении е собиралиште на уметници од целиот свет со скулптурите изложени на секој слободен простор претставува своевидна културна и историска знаменитост. Саат-кула во срцето на старата чаршија,  дробните куќарки со специфична архитектура се исклучително приовлечни и впечатливи. Местото што мора да се посети се Марковите кули. Единствено и уникатно, .


Scroll to Top