Еден од приоритетите во развојот на Универзитетот „Св. Климент Охридски” претставува фокусирањето кон научното и апликативното истражување како многу значајна и неделива компонента од севкупниот наставно-образовен и научно-истражувчки процес на Универзитетот. Во оваа смисла, визија на УКЛО е создавање оптимални услови за т.н. „поттикнувачко, мотивирачко“ научно опкружување. Ваквиот тренд ќе овозможи воспоставување силни и одржливи врски помеѓу академските институции и стопанските субјекти, развивање вештини за практична работа, а на долг рок конвертирање на знаењето и експертизата во конкретни решенија.

Во овој контекст, услов без кој што не се може претставува развивањето и активирањето на постојните, но и воспоставувањето нови научно-истражувачки лаборатории. Ваквиот процес е во функција на структуирање и побрз развој на истражувачката дејност и образование во специфичните области и полиња на одделни научни дицсиплини водејќи притоа сметка за стратегиите, целите и стандардите што се дефинирани на ниво на Универзитетот/Факултетот, за овозможување соодветно образование на студентите, но и како одговор на потребите на опкружувањето- заедницата. 

УКЛО располага со 26 лаборатории наменети за реализација на научно-истражувачките активности на вработените академски кадри и студентите на Универзитетот. Лабораториите ја поддржуваат реализацијата на наставните активности на факултетите, практичната работа во нив е комплементарна на теоретската настава, а крајните корисници-студентите се запознаваат со основните процедури за работа во областа во која студираат и ги развиваат своите вештини за практична работа.

1. Лабораторија за сообраќај и транспорт

2. Лабораторија за графичко инженерство

3. Лабораторија за мехатроника

4. Лбораторија за странски јазици

5. Лабораторија за безбедност и здравје при работа

6. Лабораторија за екстракција на етерични масла од зачински и лековити растенија и детерминација на биолошки активни материи

7. Лабораторија за учење на далечина

8. Лабораторија за подготвување и презентација на храна

9. Хемиско броматолошко-токсиколошка лабораторија

10. Лабораторија за имунолошко-серолошки испитувања

11. Лабораторија за генетика и молекуларна дијагностика

12. Ценатр за регенеративна медицина со матични клетки

13. Лабораторија за контрола на квалитетот на семе од земјоделски растенија - L01

14. Лабораторија за контрола на квалитетот на почва, вода, ѓубрива и растителен материјал - L02

15. Лабораторија за конторла на квалитет на тутун и тутунски производи - L03

16. Лабораторија за контрола на автентичност и квалитет на тутунска суровина - L04

17. Лабораторија за физичко-хемиски истражувања

18. Лабораторија за микробиологија

19. Лабораторија за фитопланктон

20. Лабораторија за зоопланктонски истражувања

21. Лабораторија за фауна на дно

22. Ципринидна фауна

23. Лабораторија за хидроботаника

24. Лабораторија за болести на риби

25. Одделение за салмонидна фауна, практично рибарство и аквакултура

26. Одделение за молекуларна биологија


Scroll to Top