ИАЕСТЕ Македонија (International Association for the Exchange of Students for Technical Experience) е независна, непрофитна и неполитичка организација за размена на студенти на пракса во странство, која е полноправен член на меѓународната организација ИАЕСТЕ. 

ИАЕСТЕ Македонија им овозможува на студентите по наука, инженерство, технологии и применети уметности, платени стручни пракси во областа на нивните студии во повеќе од 80 земји во светот.

Во рамки на организацијата активно функционираат 4 комитети, меѓу кои и ИАЕСТЕ Локален Комитет Битола, основан во 1996 година.

Членови на ЛК Битола може да бидат редовните студенти на некој од следниве факултети: Факултет за информатички и комуникациски технологии, Технички факултет, Факултет за Биотехнички науки, Технолошко-технички факултет - Велес, како и при студиската програма Информатика и техничко образование која е заедничка студиска програма на ТФБ и ПФ при Универзитетот „Св. Климент Охридски”.

ЦЕЛИ

  • Да им обезбеди на студентите од високото образование техничко искуство значајно за нивното образование
  • Да им обезбеди на работодавците квалификувани и мотивирани практиканти
  • Да биде извор за културно збогатување на практикантите и општеството домаќин.

Scroll to Top