УКЛО ТРИВИУМ

Унивезитетот “Св. Климент Охридски“ – Битола, во рамки на одбележувањето на 1100 години од упокојувањето на патронот, Св Климент Охридски, на 15 април 2016 година организираше Ораторски ден за студентите - УКЛО ТРИВИУМ.

На натпреварот учествуваа 17 говорници од: Правниот факултет, Факултетот за безбедност, Педагошкиот и Економскиот факултет. Темата на која се подготвуваа говорниците е: „На патот кон Европската Унија - можности и предизвици за Република Македонија“.

За најдобри говорници беа прогласени: Филип Ристески од Педагошкиот факултет (прво место), Лина Димоска од Економскиот факултет (второ место) и Марија Николовска од Педагошкиот факултет (трето место).

Најдобрите говорници ќе го претставуваат УКЛО на македонскиот студентски собир, што по повод Денот на Европа ќе се одржи на  4 мај, чиј домаќин годинава, е нашиот Универзитет.

Говорничките и реторички способности на студентите ги оцени посебна Комисија во состав: доц. д-р Моника Ангелоска-Дичовска, проф. д-р Оливера Костоска и доц. д-р Мирјана Ристовска.


Scroll to Top