Меѓународна соработка

Меѓународната соработка го претставува најекспонираниот домен во работењето на Универзитетот којшто е најмногу видлив на меѓународен план. Под директна надлежност на ректорот, се спроведува во корелација со ректорскиот колегиум, Комисијата за наука и меѓународна соработка и мрежата на факултетски Е+ координатори, а логистичката поддршка ја обезбедуваат административните кадри задолжени за меѓународна соработка од Секторот за настава, наука и меѓународна соработка.

ЗА СОРАБОТКАТА

Соработката претставува значајна компонента на стратегијата за развој на Универзитетот што им овозможува на академските кадри и студентите вклучување во активности на глобален план и подготовка за подобро соочување со идните предизвици.

УКЛО воспоставува, негува и развива релации на соработка со образовни институции, организации, асоцијации и мрежи што тангираат прашања од сферата на високото образование, со партнери од непосредното опкружување и пошироко, во регионални, европски и светски рамки.

УКЛО членува во Европската универзитетска асоцијација (ЕУА), Балканската универзитетска асоцијација (БУА), Агенцијата на франкофонски универзитети (АУФ), UniAdrion академската мрежа на високообразовни и научно-истражувачки институции од земјите во јадранско-јонскиот басен и е потписник на Повелбата за универзалните академски права и слободи – Magna Charta Universitatum.

Покрај тоа, својата соработка со сродни високообразовни институции УКЛО ја потврдува и со бројните потпишани договори за меѓусебна соработка и партнерства, додека пак единиците се активни членки на меѓународни мрежи, асоцијации и партнерства што имаат специфично значење за областите од нивен академски интерес.

Интернационализација

Интернационализацијата на високото образование, како највисок стадиум на развивање на меѓународните односи помеѓу универзитетите, покрај тоа што е една од приоритетните цели на нашиот Универзитет, претставува и активен начин на целокупното подигнување на квалитетот на образованието.

Интернационализацијата, во овој контекст, се однесува на сите меѓународни активности за воспоставување и градење односи со странски универзитети и научни установи, меѓународни асоцијации и агенции за поддршка и развој на високото образование, поттикнување и унапредување на академската и мобилноста на студентите за учење и усовршување, учество во интернационални програми, партнерства за едукативни, научно-истражувачки и развојни проекти, но секако и на воведувањето интерационални, интеркултурни, европски и глобални вредносни елементи во секој аспект од работењето на Универзитетот. Преку своите активности на меѓународен план, Универзитетот ги зголемува и сопствените капацитети за квалитетна образовна понуда, проширувајќи го опфатот на интернационализацијата на сите свои  единици, но истовремено постигнува и подобрена меѓународна видливост и позиционираност.

Интернационализацијата, како двонасочен процес на сознавање, учење и прифаќање на туѓите вредности, стандарди и постигнувања, истовремено подразбира и претставување на сопствените, преку создавање услови за да бидат препознатливи на меѓународен план.

Меѓународни програми и проекти

Мрежи и асоцијации

More Than Our Rank

More than our rank

Договори за соработка

Во рамките на својата определба за зголемена видливост на меѓународен план, Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола, директно или преку своите единици, воспоставува, негува и развива релации на соработка со бројни високообразовни и научни институции од земјите во Регионот, земјите членки на ЕУ и пошироко на глобално ниво. Соработката, на билатерално и мултилатерално ниво, се базира на потпишување договори за соработка со странски универзитети, но и со други установи, асоцијации и фондации чиишто интереси тангираат прашања поврзани со високото образование и научно-истражувачките активности.