ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ТРАЈНО КОРИСТЕЊЕ НА ОПРЕМА ПОМЕЃУ ФАРМАХЕМ И ФАКУЛТЕТОТ ЗА БИОТЕХНИЧКИ НАУКИ - БИТОЛА

06.09.2019

Приоритетот на УКЛО и неговите единици  за развивање и продлабочување на соработката со опкружувањето се потврдува во континуитет.

На 04.09.2019 г. Факултетот за биотехнички науки од Битола и компанијата Фармахем којашто работи со лабораториска опрема и еколошки консалтинг, потпишаа договор за доделување за трајно користење на инструмент  за анализа на соматски клетки тип SSC LactoScan.

Станува збор за уред различен од сите постоечки апарати што ги има во државата, наменет за утврдување на бројот на соматски клетки во млекото со брзи резултати и висока точност.

Инструментот ќе  се користи за практична настава на студентите, со цел подобрување на квалитетот на студиските програми и ќе  овозможи стекнување конкретни, опитни искуства во делот на следење на квалитетот и хигиенската исправност на млекото.

Успешната соработка на Факултетот за биотехнички науки и Фармахем  се планира да се продлабочува во насока на поддршка и развој на нови методи со цел унапредување на квалитетот на високото образование во делот на контрола и следење на квалитетот на производите.


Scroll to Top