Уписи УКЛО Академска 2019/20

06.09.2019

Успешно заврши пријавувањето во првиот уписен рок 

Долгогодишната конзистентност во водењето на уписната политика како и солидниот избор на атрактивни студиски програми го дадоа очекуваниот резултат во првиот уписен рок. Бројките го потврдуваат интересот и истите се во благо покачување во однос на минатогодишните.

Пријавувањето студенти во прва година на прв циклус студии на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола во првиот уписен рок заврши успешно и се одвиваше непречено, во согласност со условите и критериумите од Конкурсот.

УКЛО ќе реализира уште два уписни рока и тоа, вториот на 13 и 16 септември, а третиот на 24 септември.

Според Конкурсот за упис на нови студенти на додипломски студии, во академската 2019/2020 година на УКЛО има вкупно 2935 места: 1575 во државна квота, 820 со кофинансирање и 540 за вонредни студии.

Универзитетот „Св. Климетнт Охридски“- Битола  покрај тоа што во новата академска година доделува 110 уписнини, исто така ја продолжува и политиката за поддршка на студентите во повеќе сегменти од нивното студирање. Станува збор за бројни можности за стипендии, соработка со опкружувањето – компаниите, бизнис и небизнис секторот, а особено со понуда за студентска мобилност и размена во повеќе од 100 универзитети со кои се потпишани договори во рамките на најголемата европска Еразмус+ програма.


Scroll to Top