ПОКАНА ЗА УЧЕСТВО НА ЛЕТНА ШКОЛА – БАЛКАНСКИ ЛЕТЕН УНИВЕРЗИТЕТ ЗА СТУДЕНТИТЕ НА ФТУ ОХРИД И ОСТАНАТИТЕ ФАКУЛТЕТИ НА УКЛО БИТОЛА

29.08.2019

ФТУ Oхрид, во соработка со престижниот француски високообразовен институт ЦИФЕ (CIFE) - ја организира втората летна школа - Балкански летен универзитет на тема: „Развој на Балканскиот регион - економија, соработка, животна средина“ (Development of the Balkan region – economy, cooperation, environment). Летниот универзитет е уникатен и единствен во нашата земја затоа што студентите кои го посетуваат истиот не само што ќе бидат сертифицирани од ЦИФЕ и УКЛО туку ќе може да добијат и 4,5 ЕКТС кредити кои се меѓународно признати во сите европски универзитети.

ЦИФЕ е високообразовен и истраживачки институт формираран во 1954 година со седиште во Ница, Франција и има свои филијали во Берлин, Брисел и Истанбул, а е дел и од Жан Моне програмата на ЕУ. Претседател на овој институт е Херман ван Ромпуј – Претседател на Европскиот совет, а почесен претседател е Жан Клод Јункер – Претседател на Европската комисија.

Покрај многуте академски програми од сите циклуси на студии што ги нуди овој институт, ЦИФЕ организира и нуди програма на Летни универзитети. Дел од Летните универзитети е и градот Охрид кој преку ФТУ Охрид, Универзитет „Св. Климент Охридски“ Битола, а во соработка со овој престижен иститут го организира организира Балканскиот летен универзитет.

Оваа година настанот ќе се одржува од 09 до 15 септември во просториите на ФТУ во Охрид. Предавачи на истот ќе бидат реномирани професори од Македонија, Австрија, Хрватска и Србија. Учесници на Балканскиот летен универзитет ќе бидат студенти од повеќе земји: Македонија, Германија, Романија, Британија, Турција, Италија, Конго и др. кои студираат на познати светски универзитети од Болоња, Хамбург, Минхен, Грац, Истанбул, Хаг, Клуж, Кинсаша, Бејрут и други места.

Посебна привилегија ќе имаат студентите од ФТУ и останатите студенти од УКЛО за кои Факултет одлучи да не плаќаат котизација за слушање на предавањата и полагањата (за тие што ќе сакаат да добијат 4.5 ЕКТС кредити) на летната школа. Со оглед дека бројот на места на студенти од Македонија е ограничен, предност за учество ќе имаат студентите кои први ќе се пријават. Единствен услов е да имаат познавање на англиски јазик, затоа што предавањата ќе бидат на истиот.

Пријавување може да направите на следната имејл адреса кај проф. д-р Александар Трајков: aleksandar.trajkov@uklo.edu.mk

Повеќе информации за Балканскиот летен универзитет може да добиете на: https://www.cife.eu/en/4/balkans-summer-university_20-1


Scroll to Top