Средба на студентите од Царинската академија на Руската Федерација со Ректорот на УКЛО

19.06.2019

Во Ректоратот на УКЛО, на 18.06.2019 година, се одржа официјалната средба на студенти од Царинската академија на Руската Федерација, гости на размена на Факултетот на туризам и угостителство, со ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски.

На официјалната средба присуствуваа и академски кадри од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид, кои во својство на домаќини организираа богата агенда за студентите, за време на нивниот престој.

,,Соработката со Руската Царинска академија, се развива во повеќе насоки, се отворија можности за размена на искуства, наставен кадар и студенти помеѓу двете институции”, истакна на средбата ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски.

Интересот за продлабочување на соработката е взаемен и веќе неколку години по ред со гостувањата на студентите на размена и активно се остварува.


Scroll to Top