Конкурс за видео натпревар: „Зошто ЕВРОПА СИ ТИ?“

28.05.2019

Интерег ИПА програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Грција и Република Северна Македонија, во рамките на одбележувањето на Денот на Европска Соработка (ЕС 2019), организира конкурс за видео натпревар.

Учесниците се поканети да подготват кратко видео со користење на паметни телефони (максимално времетраење: 40 секунди), одговарајќи кратко на прашањето: "Зошто ЕВРОПА СИ ТИ?" (Како Европа е во твоја корист), што е слоган на овогодишната кампања на Денот на Европската Соработка 2019.
Конкурсот е отворен за сите граѓани / жители од регионите на прекуграничната соработка (Република Грција и Република Северна Македонија), како и за сите средношколци и студент, а ќе трае до 30 јуни 2019 година.
 
Сите поднесени видео презентации откако првично ќе бидат проверени, ќе се дистрибуираат преку социјалните медиуми.

Жирито формирано од Програмата, ќе избере група финалисти, а победничкото видео ќе биде изгласано на денот на изложбата имено, на денот на одбележувањето на Европската Соработка која ќе се одржи во текот на месец Септември / Октомври, 2019 година.
Победничкото видео ќе добие награда / признание (паметен часовник).

Повеќе детали за натпреварот:

на веб страната на Програмата:

http://www.ipa-cbc-programme.eu/article/151_Video-Competition-%E2%80%9CWhy-EUROPE-IS-YOU?%E2%80%9D.---Be-smart-and-use-your-smartphone! и

на веб страната на Министерство за локална самоуправа (Националното тело на Програмата):

http://mls.gov.mk/en/information/public-announcements/1886-video-competition-%E2%80%9Cwhy-europe-is-you%E2%80%9D-be-smart-and-use-your-smartphone-interreg-ipa-cbc-programme-cci-2014-tc-16-i5cb-009


Scroll to Top