НА УКЛО СЕ ИЗБИРА НОВ РЕКТОР

28.05.2019

На сите единици на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола на 29 мај 2019 година од 12 до 14 ч.  се одвива  тајно гласање за избор на Ректор, со двајца утврдени кандидати според азбучен  ред на презимето на кандидатите:

1. Герамитчиоски д-р Тале, редовен професор

2. Коруновски д-р Сашо, редовен професор

Ректор се избира од редот на редовните професори на слободни, непосредни и тајни избори од страна на членовите на наставно – научните, научните и наставничките совети на единиците, за време од три години, со право на уште еден избор. Право на глас за избор на Ректор имаат 270 членови на наставно – научните, научните и наставничките совети на единиците на УКЛО.

Универзитетот и неговите единици ја реализираат постапката за избор на Ректор во согласност со Законот за високото образование, Стаутот на Универзитетот и  Упатството за постапката за избор на Ректор на Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола. Сенатот на УКЛО избра Универзитетска изборна комисија од седум члена и тројца заменици од редот на сенаторите, чиј претседател е проф. д-р Мирослав Андоновски, од Економскиот факултет – Прилеп.


Scroll to Top