Научна конференција „100 години Версајски Договор“

17.05.2019

Амбасадата на Република Франција и Универзитетот „Св.Климент Охридски”- Битола, со научна конференција ја одбележаа 100 годишнината на Договорот од Версај. Научната конференција ја отворија  францускиот амбасадор Кристијан Тимоние  и ректорот проф. д-р Сашо Коруновски. Амбасадорот Тимоние  потсети на историските моменти од пред 100 години и на суштинската  улога  што Договорот  ја одигра за редефинирање на границите во Европа и за одбележување на  целата иднина на 20. век. Ректорот Коруновски  во својот поздравен говор на отворањето покрај значењето на овој историски настан за минатото, но особено за иднината на европскиот континент, се задржа и на трајните врски на соработка што УКЛО ги негува  со опкружувањето, со партнери како што е Француската Амбасада, како и со француските универзитети што  се совпаѓа со местото што го има во рамките на АУФ/Асоцијацијата на франкофонски универзитети. 

На Конференцијата, во чија организација главен партнер беше  Правниот факултет при УКЛО, а како домаќин се јави Универзитеската библиотека, учествуваа  академски кадри од универзитетите како што се Сорбона/Париз, Белград, Тирана, Пасау, Германија, УКИМ-Скопје, УКЛО-Битола. Со свое присуство насатанот го почести и градоначалничката м-р Наташа Петровска, но и други интелектуалци, експерти, професори, студенти и ученици.

И овој настан е дел од богатата програма на манифестации со кои нашиот Универзитет је одбележува 40 годишнината од своето постоење.


Scroll to Top