ПЕТТА ГОДИШНА СРЕДБА НА БУА

15.05.2019

Балканската Универзитетска Асоцијација чијашто членка УКЛО е од основањето, ја одржа својата петта годишна конференција  во периодот од 16 до 18 април 2019 година. Според принципот на ротирање Универзитетот Аристотелис од Солун, Грција го презеде претседателствувањето и  беше домаќин на средбата на универзитетите од Балканот.

Конференцијата се одвиваше во неколку паралелни сесии и работилници на  тема: ОН 2030 Одржливи развојни цели –улога на универзитетите.

Ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски го претставуваше нашиот универзитет на овој значаен собир и притоа оствари повеќе средби и  контакти со свои колеги-ректори на универзитетите од оваа регија.


Scroll to Top