ФРАНЦУСКИОТ АМБАСАДОР ВО ПОСЕТА НА ЕКОНОМСКИОТ ФАКУЛТЕТ

14.05.2019

НЕ г-динот Кристијан Тимони,  Амбасадор на Франција, на 14 мај 2019 година го посети Економскиот факултет во Прилеп.Покрај деканката, проф. д-р Драгица Оџаклиеска  негов домаќин беше и ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски.

За време на средбата со ректорот, деканската управа и останатите  академски кадри, Амбасадорот беше запознат со структурата на факултетот, неговото работење со особен фокус кон досегашните резултати , но и со проектите и плановите во делот на меѓународната соработка.

Во преполнетиот амфитеатар, пред студентите и професорите, Амбасадортот Тимоние одржа едно инспиративно предавање со коешто го презентираше француското гледиште  за  актуелните европски случувања.Темата : Европската Унија во пресрет на изборите /предизвици и надежи/француско гледиште предизвика голем интерес кај студентите и тие активно се вклучија со свои бројни прашања.

Ваквите, веќе традиционални активности  на Економскиот факулте се и дел од настаните за одбележување на 40 годишнината на Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола.


Scroll to Top