ФЕСТИВАЛ НА ФРАНКОФОНСКИ СТУДЕНТИ ОД ЦЕНТРАЛНА И ИСТОЧНА ЕВРОПА

11.04.2019

Универзитетска агенција за Франкофонија од Централна и Источна Европа, Францускиот институт од Бугарија и Меѓународната организација за Франкофонија во Централна и Источна Европа, во партнерство со Медицинскиот универзитет-Пловдив, го организираат Осмиот регионален фестивал на франкофонски студенти кој ќе се одржи во периодот помеѓу 1 - 5 јули 2019 година, во овогодинешната Европска престолнина на културата - Пловдив, Бугарија. На младите франкофони од Централна и Источна Европа кои ќе учествуваат на овој фестивал, ќе им се понудат низа активности, работилници и други манифестации кои преку францускиот јазик ќе го изразуваат нивниот талент и енергија. 

Комисијата за селеција на кандидатите ја финализира листата на учесници на фестивалот и од УКЛО го избра Васко Тумбовски, студент на Педагошкиот факултет-Битола.


Scroll to Top