4 СТИПЕНДИИ ОД КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ за УКЛО

28.03.2019

СТИПЕНДИИ ЗА СТУДЕНТИТЕ НА УКЛО

 ОД КОМПАНИЈАТА КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола 

Во рамките на соработката помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола преку Центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење (КРЕДО центар) и Кромберг & Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола, а во насока  на професионално усовршување на млади и талентирани студенти, КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ  МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола ќе додели 4 стипендии за студенти од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола кои прв пат се запишале во прва година, во академската 2018/2019 и тоа:

Технички факултет - Битола

-         2 стипендии за студентите од студиската програма Индустриско инженерство и менаџмент

-         1 стипендија за студентите од студиската програма Машинство

Економски факултет – Прилеп

-         1 стипендија

Повеќе информации можете да најдете тука.

Формулар за аплицирање

Апликациите за стипендирање да се достават најдоцна до  12 Април 2019 година  во Архивите на Техничкиот факултет–Битола и Економски факулте -Прилеп.


Scroll to Top