УКЛО И БИЗНИС СЕКТОРОТ

28.03.2019

УКЛО преку Центарот за Кариера, Алумни и Доживотно учење, продолжува со успешното поврзување со компаниите како начин за поголема  кохезија помеѓу високото образование и индустријата што претставува предзнак на современите Универзитети. Токму  во таа насока, беше и денешната презентација на компанијата LTH леарница од Охрид, пред студентите од сите студиски програми на Техничкиот факултет-Битола од страна на извршниот директор, г-ѓа Наташа Јовческа, директорот на алатница Сашо Николоски и менаџерот за човечки ресурси Марија Митаноста.

Вака успешната соработка, воспоставена е со потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу Универзитетот „Св. Климент Охридски“-Битола и компанијата LTH леарница од Охрид уште во 2017 година.

Ваквиот настан, ги отвора широко вратите за студентите кои своите практични познавања ќе ги стекнуваат и во оваа компанија, а можностите за стипендирање  претставува и дополнителен мотив што поголем број завршени средношколци да се запишуваат на факултетите за технички науки. Исто така, беше разговарано и за можностите стручни кадри од компанијата да се вклучат во наставниот процес како дел од клиничката настава која што се изведува на факултетите.


Scroll to Top