Шпанскиот Амбасадор во посета на УКЛО

30.11.2018

Во рамките на својата дводневна, прва званична  посета на Битола, Амбасадорот на Кралството Шпанија, НЕ г-динот Емилио Лоренцо Сера го посети и Универзитетот „Св. Климент Охридски“. Најпрво се сретна со ректорот, проф. д-р Сашо Коруновски. Пријатната , получасовна средба претставуваше можност ректорот да го запознае својот гостин со личната карта на УКЛО, структурата, актуелните приоритети и особено иницијативите  во рамките на некои европски програми за соработка.

Амбасадорот Сера со големо внимание ги проследи овие информации и наговести можности за соработка на Универзитетот  со Амбасадата, но и со високообразовни институции од Шпанија.

Во продолжението на посетата Амбасадорот, во просториите на Кариерниот КРЕДО Центар, пред студентите и академските кадри на Правниот факултет одржа предавање посветено на 40 годишнината од прогласувањето на Шпанскиот устав.

Оваа посета се реализира на 30 ноември 2018 година.


Scroll to Top